Од оваа количина ми излегува полна тавата од рерната, што значи убаво можеме сите да се најадиме и гости да пречекаме.

Подготовка:

1. Корите најпрво ги разлистуваме една преку друга, за да нема некоја залепена. Повторно ги завитккуваме во ролат и со ножот ги сечеме, за да добиеме многу долги и тенки ленти.

2. Јајцата ги матиме со миксер. Додаваме јогуртот, маслото, сирењето претходно издробено или изрендано, брашното помешано се пецивото и промешуваме со лажица да се изедначи смесата. По желба посолуваме.

3. Во добиената смеса ставаме дел по дел од лентичките од кори, ги натопуваме убаво и со рацете ги распоредуваме во тавата во која ќе печиме. Тавата никако не смееме да ја премачкаме со ништо. Кога ќе ги ставиме сите корички, ја измазнуваме содржината , посолуваме со сусам и ставаме да се печи на 180 степени околу 20 минути. (зависи како ви пече рерната)

4. Кога питата е печена, ја вадиме тавата и веднаш ја оставаме со дното нагоре врз четири филџани или керамички чаши, нешто што е огноотпорно. Ја оставаме така да се олади. Потоа ја сечеме и со лажица шпакла ги одлепуваме парчињата од дното. Тавата сака малку повеќе киснење за да се измие, но верувајте, сиот труд вреди. Извонредно е.

*Напомена! Во мојов случај јас доцна видов дека пакувањето кори ми било 400 грама, а целата смеса веќе ми беше направена за 500 како што е рецептот. Требаше да излезе уште поубава и повисока.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови