Декоративно, слатко празнично венче кое ќе претставува радост за вашите најмили. Во подготовката ќе ужива целото семејство. Не ставив мерки на количините , затоа што зависи колку венчиња ќе подготвите.

Подготовка:
1. Темното чоколадо го топиме над пареа. На хартија за печење редиме переци во круг. По средината на переците во круг ставаме со помош на шприц од стопеното чоколадо.

2. Редиме втор ред переци. Повторно ставаме стопено чоколадо, наросуваме со шарени мрвици. Венчињата ги ставаме во фрижидер да се зацврстат. Украсуваме со новогодишна лента.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани