Празнични топчиња (посно, без масло)
Варијации на тема бомбици колку сакате. Наведените состојки може да ги комбинирате по желба. Јас направив пет различни комбинации. Мерки за секоја комбинација посебно нема, ќе си одредите од око.
1. Прво измелете го сувото овошје (освен брусницата) и јатките. Потоа комбинирајте си како ви е најубаво. Потрудете се во секоја комбинација да има и овесни снегулки, со што ќе им дадете и малку здрава нота на колачињата =)
*комбинација 1
смокви,кајсии,брусница,лешник,овес
*комбинација 2
тиква,смокви,брусница,кајсии,бадем,овес,кора од портокал
*комбинација 3
урми,смокви,кикирики,овес
*комбинација 4
урми,тиква,ореви,овес,кора од лимон
*комбинација 5
урми,кајасии,брусница,лешник,овес,кора од портокал
Оставете малку од јатките и за валкање на бомбиците.
За глазурата на тивок оган комбинирајте ги јаворовиот сируп и какаото па чоколадирајте дел од бомбиците.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани