Новогодишните и Божиќните празници се наближуваат. Кај нас дома, особено на децата, им се посебно доживување. За магијата да биде уште поголема еве ви еден предлог за многу вкусни празнични колачиња, кои претсавуваат посебна радост особено за најмалите, и украс за трпезата.

Подготовка:

1. Во сад на тивок оган, растопете го путерот.
2. Во друг подлабок сад, ставете си сите суви состојки, медот и зачините. Додајте ги и јајцата. Со растопениот путер замесете тесто. ( Од брашното оставете на страна околу 100 гр. брашно и додавајте по потреба, за да не добиете песокливо тесто.
3. Тестото замотајте го во најлонска фолија и оставете го фрижидер 20-тина минути. Потоа со сукалo развлечете кора со дебелина од 5 мм. (За полесно работа јас на работната површина користев силиконска подлога, но може да искористите и најлонска фолија). Со калапи вадете различни форми на колачи. Јас користев круг и коцка.
4. Колачињата печете ги во загреана рерна на 200 степени, 10-12 мин.
5. Во различни садови на пареа растопете ги чоколадите. Во секој сад додајте по 2 лажици масло. Изладените колачиња потопувајте ги во чоколаддото. Е тука јас си ја искористив креативноста, па направив растопени снешковци, на кои главите им ги правев од пенести бонбони, и рудолф ирваси со очиња од фондан и рокчиња од квики соленки. Но и така чоколадни да останат се превкусни. Ставете ги во лимена кутија. Колку подолго стојат, толку се поубави.
Празниците може да почнат

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови