12
дек
2022
Празнични лешник колачи
Збогатете ја вашата празнична трпеза со овие вкусни колачи.
Фереро вкус.... мммм
Во мал сад на тивок оган ги ставаме да се соединат млекото, путерот, шеќерот, чоколадото.
Од кога смесата е изедначена ја ставаме на страна, да подизлади.
За тоа време ги мелиме лешник наполитанките и лешниците.
Ги додаваме кај претходните состојки.
Убаво соединуваме.
Оставаме да се излади смесата.
Потоа формираме топчиња кои ги Декорираме со чоколадо, лешник...
И овие колачи се дел од мојата палета на ситни колачи за подарок.
Лиценца: Сите права се задржани