Празнични лешник колачи
Состојки
- 100гр тостирани, па грубо мелени лешници
- 125гр лешник наполитанки
- 1 полна лажица нутела
- 80гр темно чоколадо 45 %какао маса
- 50гр путер
- 50мл млеко
- 1,2 лажици шеќер во прав
- За обложување
- Темнно чоколадо, зрна лешник
Подготовка
Збогатете ја вашата празнична трпеза со овие вкусни колачи.
Фереро вкус.... мммм
Во мал сад на тивок оган ги ставаме да се соединат млекото, путерот, шеќерот, чоколадото.
Од кога смесата е изедначена ја ставаме на страна, да подизлади.
За тоа време ги мелиме лешник наполитанките и лешниците.
Ги додаваме кај претходните состојки.
Убаво соединуваме.
Оставаме да се излади смесата.
Потоа формираме топчиња кои ги Декорираме со чоколадо, лешник...
И овие колачи се дел од мојата палета на ситни колачи за подарок.