Покрај неизбежната Руска салата со мајонез, за вашата празнична трпеза ви ја предлагам оваа вкусна салата со цвекло, која навистина има вкус кој ќе остави убав впечаток на вашите сетила и одлично се вклопува на секоја трпеза.

Подготовката е на следниот начин -

1. Најпрво го ставаме цвеклото да се пече на 200 степени околу 1-1,5 час ( завиткано во алуминиумска фолија)
2. Во исто време ги ставаме и компирите да се варат (неизлупени)
3. Ги ставаме и морковите (излупени) да се варат и на крај и јајцата.
4. Сите припремени состојки ги оставаме да се изладат, па ги рендаме на јадрата страна од рендето...освен 3-те белки (нив ги рендаме на поситната страна од рендето), а 3-те жолчки ги додаваме кај 3-те јајца.
Редење на салатата -
1. Во садот ставаме стреч фолија, го ставаме цвеклото, посолено и измешано со 3г.л. мајонез. Убаво го рамниме на дното и од страните.
2. Сега редиме пола од јајцата, посолуваме и ставаме мајонез.
3. Редиме врз јајцата пола од морковите, посолуваме и ставаме мајонез.
4. Редиме врз морковите пола од компирите, посолуваме, ставаме црн бибер и мајонез....ја повторуваме постапката уште еднаш.
5. Затвараме со стреч фолијата и нежно притискаме.
6. Оставаме во фрижидер 2-3 часа.
Декорација -
1. Готовата салата ја превртуваме врз чинија, од страните мачкаме со мајонез и декорираме со белките. Топчето на врвот се прави од мал дел од белките и 1м.л. мајонез.

Уживајте во оваа превкусна салата со празничен изглед!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани