Оваа салата произлезе од салатата Метропол која е присутна на интернет, но според потребите на домашните, исклучив некои состојки за да биде вегетаријанска опција.
Празот кој се става во салатата нека не ве буни, бидејќи и тоа како е важен за целокупниот вкус на салатава кој е навистина екстра, гарантирам.
1. Компирите, морковите и јајцата се варат одделно, се ладат убаво и се сечкаат на ситни коцки, се ставаат во подлабок сад.
2. Празот се сечка ситно во друг сад, се става сол, се меша и стои додека да ги исечкаме претходните состојки.
3. Во празот ги ставаме мајонезот, сенфот и киселата павлака, мешаме убаво да се изедначат состојките, а потоа смесата ја истураме во садот со варените и исечкани моркови, компири и јајца. Се меша убаво да се спои сето, ако е потребно се додава уште малку сол по вкус. Декорацијата е по желба.
Среќни празници!

(505)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани