Вегетаријанска празнична салата
Состојки
- 4 компири (средно големи)
- 2 моркови (средно големи)
- 4 јајца
- 1/2 страк свеж праз
- 1/2 лажичка хималајска сол
- 4 лажици кисела павлака
- 4 лажици мајонез
- 1 лажица сенф
Подготовка
Оваа салата произлезе од салатата Метропол која е присутна на интернет, но според потребите на домашните, исклучив некои состојки за да биде вегетаријанска опција.
Празот кој се става во салатата нека не ве буни, бидејќи и тоа како е важен за целокупниот вкус на салатава кој е навистина екстра, гарантирам.
1. Компирите, морковите и јајцата се варат одделно, се ладат убаво и се сечкаат на ситни коцки, се ставаат во подлабок сад.
2. Празот се сечка ситно во друг сад, се става сол, се меша и стои додека да ги исечкаме претходните состојки.
3. Во празот ги ставаме мајонезот, сенфот и киселата павлака, мешаме убаво да се изедначат состојките, а потоа смесата ја истураме во садот со варените и исечкани моркови, компири и јајца. Се меша убаво да се спои сето, ако е потребно се додава уште малку сол по вкус. Декорацијата е по желба.
Среќни празници!
(505)