Домашна вегетаријанска пица
Подготовка
- Во длабок сад, ставете го топлото млеко со шеќерот и солта. Потоа додадете го квасецот (претходно растопен со малку млака вода) и промешајте убаво. Почнете да додавате од брашното по малку и мешајте прво со лажица. Потоа, кога веќе ќе биде многу густо, замесето го тестото со рака. Во текот на месењето, додавајте го и маслото. Замесете убаво меко тесто и оставете го да одмори и да стаса.
Јас, на овој начин секогаш го замесувам тестото за пица, па и за кифлички и ми излегува ПРЕКРАСНО меко и многу вкусно тесто.
Тестото за пица растегнете го и ставете го во намрсена и набрашнета тава. Убаво распоредете го, да биде рамномерно и тенко.
Премачкајте со кечап, ставете го изренданиот кашкавал, мешавината, маслинките, ориганото, сусамот, сецканата зелена лута пиперка, лукот во прав. Путерот распоредете го на целата пица по мали парченца.
Печете во загреана рерна на 250 степени околу 15-20 мин
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани