Млечна вегетаријанска мусака
Една поинаква мусака...
Подготовка
1. Компирите ги вариме, ги ладиме и ги сечеме на кругови.
2. Тиквичките ги лупиме и ги сечкаме на тенки кругови.
3. Ги валкаме во разматено јајце, па во брашно зачинето со сол и бибер и ги пржиме на умерена температура (на масло).
4. Урдата, сирењето, сувиот спанаќ и киселата павлака ги соединуваме.
5. Тавчето во кое ќе ја печеме мусаката го намрсуваме и редиме ред компири, ред фил со урдата, ред пржени тиквички и така додека да ги потрошиме состојките. Завршуваме со филот од сирењата и декорираме со пржени тиквички, наросуваме сув спанаќ.
6. Печеме околу 20 минути во загреана рерна на 180 степени со вентилатор или на 200 без вентилатор.
Забелешка
Тиквичките ако се млади не ги лупиме, може со кора да ги исечкаме на кругови. Најчесто користам козјо сирење, а вие по желба.
Лиценца: Сите права се задржани