Правослански лучник
И овој мој Лучник е посен....
Фил
1. Излупете го комприот, исечете го на помали коцки.
2. Двете врсти на кромид излупете исто така исецкајте.
3. Исчистете и исецкајте го празот.
4. Во тавка ставете го зејтинот и почнете да го пржите прво компирот, кога лесно ќе се запржи и омекне додадете го кромидот, пржете кратко време заедно, на крај додадете го празот, продолжете да пржите. Кога е испржено тргнете настрана и зачинете го додавајки му сол, бибер, магданосот и копарот. Оставете да олади.
Тесто
1. Замесете тесто од состијките - оставете да стаса.
2. Поделете го на три дела, од кои два дела исти, а третиот малку поголем.
3. Растегнете ја првата кора, ставете ја во плекот на кој сте ставиле хартија за печење. Врз оваа кора ставете ја половината (1/2) од филот.
4. Растегнете ја втората кора, ставете ја другата половина од филот.
5. Растегнете ја третата кора која е и поголема, ставете ја врз филот, внимателно краевите протнете ги под првата кора.
Оставета да стаса и ставете да се пече на 180 степени околу 30-35 мин, односно се пече како секоја погача, секој си знаете рерната како ви печи.
Печена извадете- премачкајте со зејтин или маргарин- покријте за да омекне.
Забелешка
-Јас знам дека секој не сака копар, слободно изоставете го. филот е многу вкусен што некој пат си го спремам и како прилог.
- Корите ги тегнам со рака на намрснета подлога, истите не се тенки, туку се растегаат во големина на плекот во кој ќе печите со исклучок на третата коија е и поголем дел од тестото, таа е поголема заради тоа што со неа на крај се запакуваат предходните две така што краевите ги спротнуваме под нив.
- Пресекот кој го гледате на сликите е од одма сечење,мирисот кој ги буди чувствата дека сум гладна не ме остави на мира - веднаш сечев.
Па драги мои, доколку спремате - нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани