17
окт
2015
Поховани школки со млечен сос
Најдобро е школките да се пресни, но ако немате, како во случајов и замрзнати вршат работа.
Најпрво школките се посолуваат потоа се подготвува смесата за поховањe. Во еден сад се става јајцето малку сол и се разматува. Се додава брашното и водата по потреба (смеса како за палачинки). Школките се ставаат во смесата и убаво се потопуваат, потоа се вадат една по една и се ставаат во врело масло. Се пржат и се вадат во чинија со салфетки за да се впие вишокот масло.
Сосот се подготвува од кисела павлака во која што се додаваат ситно сецкани ореви, сол и ситно рендан лук, може да се додаде и сок од лимон по вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Генерално, не е проблем и има многу рецепти со комбинирање на разни млечни производи и риба.
Се потсетивме на еден постар, но многу деликатесен видео рецепт: http://moirecepti.mk/post/taliateli-caden-losos-limon