Поховани школки со млечен сос
Состојки
- 250 гр школки без черупка
- 4-5 големи лажици брашно
- 1 јајце
- по потреба вода
- 1/2 мало лажиче сол
- Сос
- 50 гр ореви
- 2 чешниња лук
- прстофат сол
- 100-150 гр кисела павлака
Подготовка
Најдобро е школките да се пресни, но ако немате, како во случајов и замрзнати вршат работа.
Најпрво школките се посолуваат потоа се подготвува смесата за поховањe. Во еден сад се става јајцето малку сол и се разматува. Се додава брашното и водата по потреба (смеса како за палачинки). Школките се ставаат во смесата и убаво се потопуваат, потоа се вадат една по една и се ставаат во врело масло. Се пржат и се вадат во чинија со салфетки за да се впие вишокот масло.
Сосот се подготвува од кисела павлака во која што се додаваат ситно сецкани ореви, сол и ситно рендан лук, може да се додаде и сок од лимон по вкус.