6
окт
2019
Похована сланина од рерна
Еве еден поинаков рецепт за поховано кој брзо се приготвува и е многу вкусен.
Сланината се сече на тенки ленти.
Во длабок сад разматете ги јајцата.
Во сад ставете ја презлата заедно со сусамот и црвениот пипер и промешајте, а во друг сад ставете го брашното.
Секое парче сланина валкајте го во брашно потоа во јајца и на крај во сусамот и презлата.
Редете во подмачкано тавче и печете 10 минути на 250 степени.
На здравје !!!