Сезона на карфиол, па да го искористиме максимално. Армониа крекерите ги искористив како подлога и како посип, и да ви кажам одлично се вклопија во целокупниот рецепт, ем декоративно, ем вкусно.

Подготовка

1. Карфиолот го делиме на цветови и го обаруваме до омекнување во солена вода. Убаво го процедуваме и го оставаме во цедалка да се доцеди.
2. Крекерите ги мелеме во Нутрибулет и ги распоредуваме на дното од тавата во кој ќе го печеме карфиолот.
3. Го распоредуваме карфиолот низ целата тава, врз него ставаме коцки месен нарезок или некоја друга салама, рендаме пармезан па посолуваме со мешан сув зачин(по вкус).
4. Сите состојки за преливот ги матиме со вилушка до соединување и потоа го распоредуваме насекаде во тавата.
5. Врз преливот насекаде ставаме мелени ринг крекери, врз нив како декорација исто ставаме крекери, ама цели.
6. Печеме во веќе загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Откако ќе го извадиме од рерна го наросуваме со ситно рендан пармезан.

Забелешка
Од зачини ставив како што е пишано во состојки, а вие по ваш вкус и желба.