Потпечен зеленчук
Компирите и морковите ги варам 10 мин. на умерен оган, откако ќе зовријат во солена вода.
Ги цедам од водата, ги турвам во плех на хартија за печење.Ги попрскувам со масло, зачинувам со зачините и одат на печење околу 40 мин. на 200, зависно од рерната, додека омекнат и поруменат.
Брокулата и прокељот се зовриваат во солена вода.Брокулата 2-3 минутки, а прокељот повеќе некоја минутка, од 5-10 мин..
Исто се цедат од водата и се додаваат во тавата на една страна.Се попрскуваат со масло и зачини и се печи се’ заедно уште 10 мин..
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
A nekomu i posen rucek