Потпечени шпагети со туна, доматен сос и кисели краставички
Вкусни шпагети од тава...Овој рецепт може специјално да си го подготвите, а може да го искористите и кога ќе ви останат сварени шпагети од некој оброк.
Подготовка
1. Шпагетите ги вариме по упатството на кесичката. Ги процедуваме и ги ставаме во намрсена тава за печење.
2. Ја вклучуваме рерната на околу 200 степени.
3. Сечкаме краставички во кругови над шпагетите. Ја распоредуваме и туната која сме ја исцедиле од маслото во која стоела.
4. Преливаме со доматен сос и малку промешуваме да се распоредат состојките.
5. Врз нив сечкаме свежи печурки, а потоа рендаме кашкавал.
6. Посипуваме со оригано.
7. Печеме во загреана рерна околу 15 минути.
8. Откако ќе подизлади сечеме на 8 дела и сервираме.
Забелешка
Ако немате доматен сос со босилек и оригано, доставете ги зачините во сосот, се разбира ако ви се по вкус.
Лиценца: Сите права се задржани