Подготовка
Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 200 степени.
1. Во тава со бр.28 ставаме околу 50 мл масло. Ги ставаме и макароните во неа.
2. Сланината сечкана на ситни коцки ја запржуваме, па ги ставаме коцките од пилешките гради. Сето ова заедно го запржуваме и на крајот додаваме мешан сув зачин.
3. Го распоредуваме месото врз макароните.
4. Јајцата ги разматуваме со вилушка, па во нив додаваме 150 гр рендан кашкавал. Целата смеса ја распоредуваме во тавата.
5. Залеваме со кисела вода и јогурт.
6. Го рендаме остатокот од кашкавалот врз целата смеса.
7. Печеме во загреаната рерна околу 20 минути или додека макароните да ни омекнат, односно да се испечат.

Забелешка
Киселата вода и јогуртот може да ги соедините, па течноста да ја истурите во тава, а може и да ги ставате посебно, ама потоа да ја протресете тавата за фино распоредување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани