
22
мар
2012
Потпечени макарони со мелено месо
Макароните ги вариме. Во меѓувреме го сецкаме кромидот , го пропржуваме и го додаваме месото, зачинот. Откако ке биде испржено месото со кромидот го тргаме од оган и ставаме кечапот. Откако ке се сварат макароните, ги цедиме и ги мешаме со прженото месо, потоа ги ставаме во намрсена тепсија, и од горе рендаме кашкавал.
Така подготвени ги ставаме во загреана рерна и печеме околу 15-на минути додека да се растопи кашкавалот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови