Потпечени интегрални тортиљи
На плитка мрснотија се пржи кромидот додека стане стаклест. Се додава меленото месо и малку сол.Се пржи. Се додава мелениот црн пипер.
Се додава пиперта. Кратко се пропржува.
Се налева бујонот.
Се приклучува и златната мешавина. Се динста додека течноста испари.
Се додава ориганото. Филот е готов.
Во намрсен клап со пречник од 30 цм. се редат 5 те тортиљи, 1 оди в средина.За појасно видете на дополнителните фотографии.
Се распоредува кашкавал и преку него парчиња од еден патлиџан.
Врз тоа филот, па кругови од другиот патлиџан и остатокот од кашкавалот.
Се затвораат тортиљите.Се премачкуваат малку со мрснотија.
Се потпекуваат во загреана рерна на 200 степени околу 15 мин..
Се послужуваат топли.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани