Испечати

Потпечени интегрални тортиљи

Потпечени интегрални тортиљи

Состојки

  • 6 интегрални тортиљи
  • За фил
  • 500 гр. телешко мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 100 гр. златна мешавина-пченка, морков, грашок
  • по вкус сол, мелен црн пипер, оригано
  • 1 лажица пипер буковска
  • 2 дл. телешки бујон
  • 300 гр. кашкавал
  • 2 црвени патлиџани
  • по потреба масло или путер

Подготовка

На плитка мрснотија се пржи кромидот додека стане стаклест. Се додава меленото месо и малку сол.Се пржи. Се додава мелениот црн пипер.
Се додава пиперта. Кратко се пропржува.
Се налева бујонот.
Се приклучува и златната мешавина. Се динста додека течноста испари.
Се додава ориганото. Филот е готов.

Во намрсен клап со пречник од 30 цм. се редат 5 те тортиљи, 1 оди в средина.За појасно видете на дополнителните фотографии.
Се распоредува кашкавал и преку него парчиња од еден патлиџан.
Врз тоа филот, па кругови од другиот патлиџан и остатокот од кашкавалот.
Се затвораат тортиљите.Се премачкуваат малку со мрснотија.

Се потпекуваат во загреана рерна на 200 степени околу 15 мин..

Се послужуваат топли.

На здравје!