Посна манџа од свежа зелка
Едно од моите омилени посни манџи.
ПодготовкаЧ
1. Зелката се сечка на најситно, како за салата. Се пржи во масло на силен оган , додека не испари сета течност што ја испушта и да остане само маслото.
2. Се посолува, се става црвен пипер и домати, претходно изрендани на најситно. Може и конезрвирани домати. По малку се додава врела вода, се намалува јачината на огнот и се остава да крчка, додека зелката не омекне. Се додава и лимонтус, за да се добие киселкаст вкус. Количината е по желба.
3. Се истура оризот, се додава вода, колку што треба за да се свари, и пред крај се прави уште една запршка со масло и пипер. Оваа манџа уште поубава е ако се направи од сторена зелка. Во тој случај лимонтус не е потребен.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови