Испечати

Посна манџа од свежа зелка

Посна манџа од свежа зелка

Состојки

  • 1 средно голема главица зелка
  • 3-4 средно големи домати
  • 1 филџан ориз
  • 1 голема лажица црвена пипер во варењето и уште една за запршката

Подготовка

Едно од моите омилени посни манџи.

ПодготовкаЧ

1. Зелката се сечка на најситно, како за салата. Се пржи во масло на силен оган , додека не испари сета течност што ја испушта и да остане само маслото.

2. Се посолува, се става црвен пипер и домати, претходно изрендани на најситно. Може и конезрвирани домати. По малку се додава врела вода, се намалува јачината на огнот и се остава да крчка, додека зелката не омекне. Се додава и лимонтус, за да се добие киселкаст вкус. Количината е по желба.

3. Се истура оризот, се додава вода, колку што треба за да се свари, и пред крај се прави уште една запршка со масло и пипер. Оваа манџа уште поубава е ако се направи од сторена зелка. Во тој случај лимонтус не е потребен.