Превкусно посно гравче со печурки и пиперки.

Подготовка

Најпрво, ставете го гравчето да се вари со кромидот. Не додавајте многу вода, за да биде густо.

Кога ќе биде скоро готово, ставете ги претходно пропржените печурки, испечените и исецкани зелени пиперки и магданосот. Оставете да врие околу 10-15 мин на тивок оган.

На крај додадете зачини по желба, маслиново масло и сол.

Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани