Посни ѓевречиња (без масло)
Во време на пости сме па еве нешто брзо, посно и вкусно.
Исто така немаат и масло па се погодни за строгиот пост, но секако може да додадете и масло во тестото.
1. Брашното, солта (малку повеќе сол) и прстофат шеќер се ставаат во сад. Квасецот се раствара во млака вода и потоа се додава кон брашното. Се замесува меко тесто и се остава да стаса на топло.
2. Стасаното тесто се префрла на работа маса и се меси на кратко, а потоа се кинат парчиња и се обликуваат ѓевречиња (или некоја друга форма по ваша желба).
3. Плехчето за печење го набрашнувате (или ставате масло), потоа секое ѓеврече се става во подлабок сад со ладна вода и веднаш потоа во друг сад каде имате поголема количина на сусам и убаво го вртите за да може сусамот да фати од сите страни (на овој начин сусамот воопшто не паѓа и останува на ѓевречињата).
4. Така подготвените ѓевречиња ги ставате во плехчето и ги ставате да се печат во претходно загреана рерна.
5. И спремни сме за служење.
Лиценца: Сите права се задржани
но техниката за нанесување на сусам е одлична,навистина се си остана залепено.Ги направив како стапчиња и ми фати цел прех од шпорет а и успешно се изедоа