Посни пралини со суво овошје
Во пресрет на Св.Никола решив да се обидам да направам нешто ново и еве излегоа прекрасни и превкусни пралини.
Состојките се за 15 пралини - според силиконскиот калап кој го користев.
Чоколадото се топи на пареа заедно со маслото. Со мала четкичка (за темпера, поцврста) се премачкуваат формите од калапот од сите страни. Калапот се става во замрзнувач 5-10 мин. за да се стегне чоколадото. Постапката се повторува уште 2 пати - формите да бидат убаво премачкани со чоколадо.
Во меѓувреме се подготвува и филот. Во сецко се ставаат сите состојки, за да се исецка ситно сувото овошје и смесата да стане хомогена. Потоа смесата се претура во подлабока чинија и се дообработува со рака. По потерба се додава од течностите или од мелените бисквити. Смесата не треба да е многу влажна но и да не се рони.
По последното вадење на калапот од замрзнувач, се полнат формите со смесата до под врвот. Со прст убаво се притиснува и се долива со чоколадо. Калапот се враќа во замрзнувач уште 10-15 минути.
Потоа пралините се вадат и се чуваат во фрижидер (ако не се излапкаат веднаш)
Обидете се да ги направите - навистина е лесно. Сите што ги пробаа, беа воодушевени од нивниот вкус и изглед...
Лиценца: Сите права се задржани
Драга mamasiti
Рецептот е супер, фотографијата исто, но за во иднина обиди се да прикачуваш и дополнителни фотографии, особено фотографии со кои се гледа пресекот на приготвениот рецепт.
Доколку од овие пралини имаш фотографија со пресек, можеш слободно да ја прикачиш во коментар.
Поздрав :)
Mnogu ubavo izgledaat :)