1. Во сад се ставаат 15 лажици вода и се додава 15 лажици гриз.

2. Се додаваат 12 лажици масло,12 лажици брашно,1 мало лажиче сода ,1 мало лажиче пециво и 2 мали лажичиња ванилен шеќер.

3. Јаболката се лупат и се рендаат,па се додаваат во горе наведената смеса.

4. Оревите се мелат и се додаваат и тие во смесата. Се се меша со лажица.

5. Тавата се премачкува со масло,па се попрскува со брашно.
6. Смесата се истура во тавата и се остава да отстои така во тавата еден час.

7. Потоа се пече во загреана рерн на 180 степени 5минути, а потоа намалете ја на 150 степени и печете додека не е готово проверувајќи.

8. Шербетот се вари на стандарден начин. Пред крајот додадете ја кората од лимонот која претходно сте ја изрендале.

9. Попарете кога пандишпанот ќе е изладен.

10. Оставете да отстои неколку часа да си впие шербетот.

11. Кога ќе излади се премачкува со мармалад каков сакате по вкус,па се попрскува со мелени ореви.

12. Сечете коцки и служете.

Забелешка

Јас ја оставив тортата од вечер попарена, па утрото ја премачкав со мармалад и ја наросив со ореви. Коцките внимателно си ги исеков со делимано ножевите. Ја пишувам забелешката затоа што шербетот бавно се впива во пандишпанот, па да имате на ум дека треба да отстои подолго време.
Вкусот е прекрасен.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови