Побрзо, полесно и повкусно заблажување нема. Во пресрет на посните слави (од кои дел е и нашата куќна слава - Свети Ѓорѓија) ви ги предлагам овие посни кикирики бомбици, кои се топат во уста.

Подготовка

1. Во длабока чинија ги ставаме мелените бисквити и грубо мелените кикирики - соединуваме.
2. Во мала касерола ги ставаме водата, шеќерот и маргаринот. На тивок оган ги доведуваме до растопување шеќерот и маргаринот, со повремено промешување. Оваа течност ја истураме кај бисквитите и кикириките и соединуваме.
3. Формираме бомбици со големина по желба (од оваа доза мене ми испаднаа околу 30 бомбици). Формираните бомбици ги увалуваме во грубо мелените кикирики.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани