19
дек
2014
Посни грисини со пиво
Квасецот се раствара во водата и се остава да надојде. Одкако ќе стаса се става во посоленото брашно и заедно со маргаринот, зејтинот и пивото се замесува тесто. При замесувањето се додаваат и сите семиња и се меси компактна смеса.
Тестото се остава да одмори околу 40 минути а потоа се сука во кора и се ваѓаат формички по желба. Се редат во плех на хартија и се печат околу 15 минути на 180 степени. По желба може да се премачкаат со зејтин и да се наросат со некое од семињата, но и без наросување се доволно богати со вкусо.
Лиценца: Сите права се задржани