
17
ное
2012
Посна штрудла со афион
Од брашното, шеќерот, солта, квасецот и растопениот маргарин со млака вода замесете тесто и оставете го да отстои околу 1 час.
Од тестото расукајте кора и премачкајте ја со мармалад.
Одозгора нанесете го сувото грозје, афионовото семе, циметот и ванилата.
Завиткајте ја кората во ролат и одозгора нанесете парченца маргарин.
Печете во правоаголен плех, или ако сакате во правоаголен калап, на 200 степени подека убаво порумени.
Идеална за вечерните часови со топло чајче!!!
Лиценца: Сите права се задржани