Тортава е превкусна и воопшто не се познава дека е посна. Топло ви ја препорачувам. Јас ја направив со помалку сосотојки, а овие мерки што се наведени се кога тортата ја печеме во плех од шпорет и ја филуваме на три дела.

*чашата е од 200 мл(се' се мери со истата чаша)

Прво го подготвуваме пандишпанот. Во сад ги ставаме сите суви состојки па ги додаваме сокот и маслото и убаво мешаме со лажица.
Плехот во кој ќе ја печеме тортата го намастуваме и набрашнуваме и печеме на 200 степени околу петнаесет минути.
Готовиот пандишпан малку оладен го премачкуваме со мармалад од портокал.

За филот водата ја загреваме, ја додаваме таан алвата Дониа, чоколадото, ванилата и вариме на тивок оган неколку минути додека се изедначи смесата. Вадиме од оган и ги додаваме лешниците и бисквитите. Оставаме убаво да се олади.
Ја филуваме тортата по наш избор-може да ја сечете на половина или на три ленти или како мене целиот фил да го ставите згора.
Декорираме со рендано чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови