Торта со таан алва (посно)
Состојки
- Пандишпан
- 1 чаша гриз
- 1 чаша брашно
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша мелени лешници
- 1 чаша газиран сок од портокал(Фанта)
- 1 лажица мармалад од портокал
- 1 кесичка ванилон шеќер
- 1 кесичка прашок за печиво
- За премачкување/три лажици мармалад од портокал
- Фил
- 1 чаша вода
- 200 гр таан алва Дониа
- 150 гр мелени лешници
- 100 гр чоколадо
- 100 гр мелени бисквити
- 1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка
Тортава е превкусна и воопшто не се познава дека е посна. Топло ви ја препорачувам. Јас ја направив со помалку состојки, а овие мерки што се наведени се кога тортата ја печеме во плех од шпорет и ја филуваме на три дела.
*чашата е од 200 мл (се' се мери со истата чаша)
Прво го подготвуваме пандишпанот. Во сад ги ставаме сите суви состојки, па ги додаваме сокот и маслото и убаво мешаме со лажица.
Плехот во кој ќе ја печеме тортата го намастуваме и набрашнуваме и печеме на 200 степени околу петнаесет минути.
Готовиот пандишпан малку оладен го премачкуваме со мармалад од портокал.
За филот водата ја загреваме, ја додаваме таан алвата Дониа, чоколадото, ванилата и вариме на тивок оган неколку минути додека се изедначи смесата. Вадиме од оган и ги додаваме лешниците и бисквитите. Оставаме убаво да се олади.
Ја филуваме тортата по наш избор-може да ја сечете на половина или на три ленти или како мене целиот фил да го ставите згора.
Декорираме со рендано чоколадо.