22
мар
2014
Посна, лесна и брза салата а-ла Бале
Посна, вкусна и лесна салата за правење.
Се запржува кромидот на тивко и се додаваат шампињоните. Потоа се додава пченката која претходно е малку сварена и се динстува на тивко. Се трга настрана.
Во истото тавче се ставаат парчињата исечкан леб на коцки и се запржува да добијат боја. И готово!
Сега се сервира во чинијата. Се става сечканата марула се посолува и се цеди лимон. Врз неа се става лебот на коцки и на крај пченката со шампињоните.
Наздравје!
Лесно и брзо!
Лиценца: Сите права се задржани