Грашокот обарете го претходно. Компирите сварете ги излупете ги и изгмечете ги како за пире. Киселите краставички и обарените моркови исечете ги на ситни коцки. Во тенџере ставете ја водата да зоврие и додадете го брашното. Мешајте непрекинато и додадете ги изгмечените комири, маслото и сенфот. Мешајте додека не добиете мазна хомогена смеса. Посолете, наросете бибер и додадете го сокот од лимон и мајонезот од соја. Во вака подготвениот мајонез од компири изгмечајте ги исецканите кисели краставички, моркови и обарениот грашок. Додадете уште малку сол и убаво измечајте ги сите состојки. Сервирајте по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови