Подготовката е интересна, а крајниот ефект на јадењево е прекрасен.
Од оваа доза на состојки излегуваат 3 ролати.
Односно 500 гр кори, кои содржат од 20-25 листови кори, ги делиме на 3 и формираме ролати.
На загреано масло ја пржиме ситно сецканата зелка од расол.
Тоа трае околу 40 минути, односно да и испари течноста и благо да зарумени.
На кратко ја тргаме од тавата кога е готова.
Во истата маснотија, односно ако има потреба додаваме малку масло го пржиме ситно сецканиот праз.
Кога и тој е готов, ги соединуваме зелката и празот и додаваме мноогу бибер.
Ако има потреба додаваме и сол.
Во мал филџан ги соединуваме маслото и киселата вода.
Сега од првото купче на изброени кори редиме вака.
Прва кора, втора кора, преклопена со 1/3 од својата површина, трета кора, преклопена....
Односно ќе добиеме по цела трпезариска маса воз од кори.
Со четка попрскуваме со водата и маслото, по малку и расфрламе од подготвениот фил.
Виткаме ролат.
Го ставаме во намастен плех.
Постапката е иста со останатиот материјал.
Танко ролатите ги премачкуваме со масло и ги печиме околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени.
Сечеме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани