Посна пица со туна
Се замесува меко тесто и се остава да надојде.
Откако е стасано тестото се дели на три топчиња.
Се расукува со сукалка онолку колку што вие тавчето.
Мерките се за тавче бр 28.
Тавата постелете ја со хартија за печење.
Ако работите во делимано тавите, нема потреба од хартија.
Премачкајте ја пицата со доматно пире.
Кромидот исечете го на кругови и вадете прстен од секој круг.
Распоредете ги врз пицата.
Туната исцедете ја од маснотијата и попрскајте насекаде врз пицата.
Маслинките исечкајте ги на кругови и тие додајте ги.
Печурките исчистете ги добро,а потоа исечете ги по должина.
Нанесете ги врз пицата. Попрскајте со маслиново масло, мешан зачин,оригано и сусам.
Ставете да се пече na 200 степени 10-15 мин.
Откако е печена пицата,можете да ја премачкате со маргарин.
Но тоа е по ваш вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови