Посен оранж браунис
Од сочни чоколадни колачи многу го сакам браунисот, ама во деновите на пост некако ми е скратено тоа задоволство. Па во обид да направам нешто слично на браунис, а сепак да биде и со мојот омилен вкус на портокал и чоколадо, произлезе овој рецепт.
Подготовка
Сите состојки ставете ги во сад и убаво соединете ги. На тавче со димензии 20х20 истурете ја смесата и печете на 160 степени околу 25 минути.
За глазурата стопете го чоколадото на тивок оган и ставете го мармаладот. Спојте ги сите состојки и откако ќе се излади колачот истурете ја глазурата врз него. Посипете со сечкани бадеми.
Забелешка
Може да користите мелени ореви наместо бадеми. Јас оваа глазура ја направив со гранола зошто немав бисквити, па затоа ми е малку потенка.
Ставете си хартија за печење или пак намрсете и набрашнете го тавчето во кое ќе печете. Јас ја користев силиконската тава на Делимано, па ништо од тоа не ми беше потребно.
Можете да си направите дупла доза, која ќе ја печете во тавче со димензии 30х20.
Портокалите покиснете ги во вода во која сте раствориле сода бикарбона и оставете ги така барем еден час.
Како за проба правев во мала количина, па така и ви го презентирав. Бидејќи излезе дека е особено вкусен можам да ви кажам веднаш да си направите дупла доза.
Лиценца: Сите права се задржани