Овој колач по рецепт на преубавата Маријана, нејзин рецепт, моја изведба, а заради тоа што се пости- колачот преубав, одлучив да го споделам со вас овде.

ПОСТАПКА
- Во поголем сад ставете ги сливите, кајсиите, оревите, лешниците и сувото грозје натопено во рум.
- Додајте го шеќерот и циметот, добро измешајте.
- Изрендајте ги јаболката, додадете во предходната смеса, повтроно добро измешајте.
- Измешајте ги брашното, какаото, циметот и пецивото, додадете во смесата и пак измешајте добро.
- Ставете ја смесата во правоголаната модла добро подмачкана и посипана со лебни трошки, печете во предходно загреана рерна на 160 степени околу 90 мин.

Забелешка
- Смесата не смее да биде многу густа ниту пак ретка (баш онака како пача да е, ако е ретка додадете уште малку брашно)
- Печете ја за едно скалило подолу во рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани