Посен зелник со коприви и без масло
Од стасаниот квасец, брашното, солта и млака вода (количината на вода по потреба) се замесува средно меко тесто. Тестото се остава да надојди и потоа го делима на два дела. Едниот дел го сучиме во поголема кора и ја ставаме во тркалезно тавче. Над кората го ставме филот од копривите, празот и пиперот и над филот ја ставме втората сучена кора. Плетиме плетенка околу и го печиме на 200степени околу 35 мин.
Јас во филот и на тавчето, а исто и на зелникот горе ставив оревчиња, но и не мора. На тавчето има само брашно, значи воопшто нема масло никаде, идеален за време на пости.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови