Зелник со коприви
Се замесува тесто со млака вода, заедно со солта и маслото. Мене плехот ми е многу голем затоа ми влегува 900 гр. брашно ако имате помал плех ставете помалку. Убаво го измесуваме тестото, па го делиме на два дела, едниот помал другиот поголем. Потоа со половина омекнат маргарин ги премачкуваме двете отворени кори. Ги диплиме повеќе пати како плик и ги ставаме во фрижидер 30 минути. Потоа пак ги расукуваме и ги премачкуваме со другата половина маргарин. Потоа пак во фрижидерот ги оставаме еден час. Плехот го премачкуваме со малку маргарин.
Поголемата кора ја расукуваме и ја ставаме во плехот.
Го подготвуваме филот. Копривите ги обаруваме и цедиме, малку да оладат па во нив го додаваме изронетото сирење, јогуртот и јајцата. Се убаво измешано го ставаме врз кората. Потоа ја раскукуваме помалата кора па правиме набори на неа и мала витка. Зелникот го печеме во претходно загреана рерна на 200 степени околку 30 минути.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ако се решам да правам по овој рецепт ќе биде:)