Ова е доста лесен и едноставен начин како да подготвите помфрит кој е далеку поздрав од пржениот.
Најпрво, се лупи компирот, па потоа се сече на тенки стапчиња.
Во еден сад ги матиме белките, па во нив ги ставаме сите зачини и добро промешуваме.
Потоа, компирчињата ги валаме во смесата од белки и зачини и ги редиме во тава врз хартија за печење.
Печеме додека помфритот не зарумени (околу 40тина минути) на 200 степени.
Го послужуваме со доматен сос, кечап или некој друг сос по избор. =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови