Испечати

Печен помфрит без масло

Печен помфрит без масло

Состојки

  • компир (количина по желба)
  • белки од јајца (количина по потреба)
  • зачини по желба (сол, бибер, куркума...)

Подготовка

Ова е доста лесен и едноставен начин како да подготвите помфрит кој е далеку поздрав од пржениот.
Најпрво, се лупи компирот, па потоа се сече на тенки стапчиња.
Во еден сад ги матиме белките, па во нив ги ставаме сите зачини и добро промешуваме.
Потоа, компирчињата ги валаме во смесата од белки и зачини и ги редиме во тава врз хартија за печење.
Печеме додека помфритот не зарумени (околу 40тина минути) на 200 степени.
Го послужуваме со доматен сос, кечап или некој друг сос по избор. =)