14
сеп
2014
Полнето пилешко
Стековите се сечат на половина по должина и малку се тапкаат со чук. Се става по едно парче кашкавал (мешан или овчи) и малку од обарената блитва. Се ролуваат и се ставаат во ростер тава премачкана со маслинов зејтин и малку путер. Се печат ролничките на 200 степени околу 30 минути затворени со капак и уште 30-тина минути отворени за да заруменат и да испари водата што ја пушта месото.
Најубав гарнир за вакво месо е златната мешавина од пченка, грашок и морков
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови