- Од измиените печурки се тргаат рачките, се сецкаат ситно и на сосема малку масло се пропржуваат заедно со лукчето. Да олади.
- Се гмечи сирењето, му се додава биберот, тимијано или друг зачин кој го сакате, се додава сецканиот домат на кој мекиот дел со семките се одстранува, потоа во оваа смеса се додава пржените рачки со лукот, се промешува добро. Се полнат печурките, се ставаат во тавка постелена со хартија за печење и се печат на 180 степена околу 15-20 мин.
Вака полнети сосема добри за мезе, предјадење или прилог со ориз, пире, и како вие ќе сакате да ги послужите.
За повеќе лица зголемувајте ги состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани