Полнети шампињони
Состојки
- 1 паковка (500 гр ) печурки ( шампињони )
- 150 гр кашкавал
- 200 гр крем сирење
- 1/2 лажиче свежо мелен црн бибер
- 2-3 гранчиња магдонос
- 2-3 чешниња лук
Подготовка
Поради тоа што сум голем љубител на печурки, а успеав тоа да и го вметнам и на поголемата ќерка, редовно сме во потрага по нови рецепти за подготовка.
Овој рецепт многу ни се допадна, затоа што не бара време, а е толку убав, особено ако се конзумира топло.
Растопеното кашкавалче и лукот му даваат посебен вкус.
Шампињоните ги бришеме и ги чистиме.
Ги отстрануваме рачките и ги чистиме во внатрешноста.
Полниме по една голема лажица крем сирење во вдлабнатината.
Наросуваме свежо мелен црн пипер.
Парчињата кашкавал ги сечеме на големина отприлика колку да ги покрие печурките.
Јас имав навистина големи парчиња печурки, па ми требаа поголеми кашкавалчиња.
Подготвените печурки ги редиме во тавче и ги попрскуваме со маслиново масло.
Печеме 15 минути во загреана рерна.
Кога се готовиги попрскувам со толчено лукче и ситно сецкан магдонос.
На здравје