Топол фил

1. Исецкајте ги сите состојки на мали коцки
2. На малку сончогледово масло потпржете ги кромидот и лукот (од 2 до 4 минути)
3. Додадете го меленото месо и пржете се додека не смени боја
4. Додадете го остатокот од зеленчукот
5. Додате сол, црвен пипер и црн пипер по вкус (може да додадете и лут зачин)
6. Додадете 100мл вода
7. Покријте и оставете да се вари 10-15 минути (водата треба речиси комплетно да испари)

Ладен фил

1. Испасирајте го авкадото и додадете сол, црн пипер и маслиново масло по вкус
2. Доматот исецкајте го на ситни коцки
3. Измешајте ги доматот и пченката и додадете маслиново масло и сушен босилек по вкус

Полнење на тортиљите

Користете купени или домашни тортиљи, по ваш вкус. Згрејте ги пред да почнете со полнење па полнете со секој од филовите во секоја тортиља.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови