Полнети тортиљи
Состојки
- 6 тортиљи
- 300 гр мелено месо
- 2 лажици маслиново масло
- ½ главица кромид
- 3 чешниња лук
- ½ лажиче сол
- ½ лажиче мешан сув зачин
- ¼ лажиче црн бибер
- Сос
- 4 лажици грчки јогурт
- 2 лажици кечап
- 2 лажици течност од кисели краставички
- 1 лажица соја сос
- 2 лажички сенф
- ½ лажиче лук во прав
- ½ лажиче кари
- ½ лажиче оригано
- 200 гр рендан кашкавал
- 6-7 кисели краставички
Подготовка
Подготовка:
1. Во тавче на оган го ставаме маслиновото масло да се загрее. Кромидот ситно го сецкаме и го ставаме да се пржи. Лукот ситно го сецкаме и го додаваме во тавчето. Го додаваме меленото месо да се испржи. Ги додаваме солта, мешаниот сув зачин и црниот бибер.
2. Сос - Во длабока чинија ги ставаме сите состојки за сосот, промешуваме да се соединат состојките.
Тортиљата ја ставаме во чинија, ставаме 2 лажици од сосот и ја премачкуваме. На едната половина ставаме од месото, врз него ставаме кашкавал и кругови кисели краставички. Преклопуваме. Тортиљата ја ставаме на суво тавче на оган да се потпече од двете страни и да се растопи кашкавалот. Постапката ја повторуваме со преостанатите тортиљи. Послужуваме.