Прекрасни и поинакви палачинки кои се топат в уста. Палачинките можи да си ги купите или да си ги направите самите дома по регуларен рецепт. Јас си ги правам дома и искрено немам ни рецепт зашто од око ги правам, мешам јајце, млеко, малку масло, малку сол и шеќер, малку газирана или обична вода и после додавам брашно додека не се добие потребната густина. По некое правило 1 лажица брашно одговара на 1 палачинка. Пржам на 2 намастени тавчиња паралелно за да се забрза работата. За овој рецепт ви се потребни 10тина палачинки.

Подготовка

Откако ќе ги направите палачинките, секоја се полни со мешавина од изварка и димено рендано месо или шунка. Полнежот можи да си го адаптирате на вашиот вкус, јас ги правев со тие намирници кои ми беа достапни во моментот.

Се става од мешавината по средината од секоја палачинка, се мота и се затвораат краевите.

Секоја палачинка се потопува во јајце, па во презла.

Палачинките се редат во нелеплива тава, јас ја користев тавата Делимано коперлукс 24 цм.

Откако ќе се наредат сите палачинки, одозгора се полева малку масло, па кремот за готвење и се наросува рендан кашкавал.

Се ставаат во рерна да се запечат.

Бидејќи ги направив за вечера, затоа и ја одбрав таа категорија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови