Полнети модри и црвени патлиџани
Ги сецкаме кромидот, 1 пиперка и морковот и ги пропржуваме малку. Го додаваме месото и зачините и пржиме десетина минути. Потоа ги лупиме модрите патлиџани, ги сечеме на половина и ги издлабуваме, а дел или целата извадена внатрешност ја сецкаме на многу ситни парченца. Исто правиме и со патлиџаните, на три и ја вадиме внатрешноста, лупиме уште еден и ја сецкаме на ситно. Ги лупиме и чешнињата лук и нив ги сецкаме ситно и пиперката.
Во длабока чинија ги ставаме сите исецкани состојки додаваме мирудија и прстофат сол и во мал дел од водата го раствараме брашното. Овој припремен сос го истураме во огноотпорниод сад. Ги полниме патлиџаните и ги редиме во плекчето. Врз црвените патлиџани кршиме по едно јајце и ставаме по малку ким. Печеме на 200 степени околу 45 минути.
Лиценца: Сите права се задржани